Виа Пром е производствена компанија на разни видови трајни колачи и бисквити, лоцирана во Охрид, Македонија.

Компанијата е основана во 2001 година кога се занимававме со увоз на кондиторски производи. Во главно, вршевме увоз на широк асортиман на слатки производи од западна и јужна Европа во Македонија.

Две години подоцна, во 2003, сфативме дека нашата желба за производство на слатки производи е многу поголема од пронаоѓање на истите на интернационални пазари и нивно внесување во нашата земја. Всушност, сфативме дека сакаме да бидеме компанија која со сопствено производство ќе ги инспирира љубителите на слатки колачи на глобално ниво.

Дури и повеќе, сфативме дека поседуваме широко познавање, искуство и најважно огромна страст кон правење на вкусни трајни колачи кои луѓето ќе ги обожаваат. Ова ни беше главен двигател во 2003 година кога се одлучивме да започнеме сопствено производство.

Компанијата постојано се развива во секој можен аспект: од развој на производи до развој на менаџмент како и развој и проширување на капацитети. Постојано се трудиме да ги следиме новите глобални трендови. Овие напори даваат одлични резултати кои јасно се видливи преку освојувањето на нови пазари, проширувањето на капацитети како и подобрувањето и зголемувањето на палетата на производи.

NINJA BISCUIT

“Нинџести” сендвич бисквити со природно какао, ванила и млеко.

MIELINNI

Вкусни медени колачи прелиени со чоколада и полнети со природно овошно полнење.

COOKIE

Крцкави кукис “зачинети” со право чоколадо и вкусни парченца кокос.

HONEY BOO

Единствени медени колачи направени преку многу специфичен технолошки процес.