Во суштина, постојат 3 главни карактеристики кои ја издвојуваат нашата компанија од останатите. Тоа се:

Автентичен технолошки процес и примена на природни состојки

Она што ги прави нашите производи специјални е уникатната технологија имплементирана во самиот процес на производство заедно со употребата на високо квалитетни природни состојки. Наместо користење на штетни хемиски средства, развивме многу специфичен технолошки процес кој се одвива по природен пат во текот на одреден временски период.

Дизајн кој продава

Соработуваме со одлични креативци кои извршуваат извонредна работа околу дизајнот на амбалажите. Секоја амбалажа има добро обмислен концепт позади себе. Уште повеќе, секогаш се обидуваме да изградиме концепти кои сами по себе ќе се продаваат. На овој начин им помагаме на нашите клиенти полесно да ја извршуваат својата работа т.е. полесно и побрзо да ги продаваат нашите производи.

Флексибилност

Уникатниот производствен процес во склоп со блиските односи кои веќе сме ги изградиле со нашите партнери, ни овозможуваат да нудиме голема фкелсибилност за релативно мал трошок. За таа цел, вложуваме огромни напори во исполнување на клучните барања поставени од страна на индивидуални клиенти. Тие барања може да се однесуваат на прилагодување на вкусови, пакувања, грамажи и слично.

NINJA BISCUIT

“Нинџести” сендвич бисквити со природно какао, ванила и млеко.

MIELINNI

Вкусни медени колачи прелиени со чоколада и полнети со природно овошно полнење.

COOKIE

Крцкави кукис “зачинети” со право чоколадо и вкусни парченца кокос.

HONEY BOO

Единствени медени колачи направени преку многу специфичен технолошки процес.