top of page
Writer's pictureVia Prom

Рецепт - Twinja Biscuit Мафини

Викендот е пред нас, а тоа значи дека е време за уживање со најблиските со домашно подготвени слатки десерти, збогатени со нашите Twini Sandwich Biscuit и Ninja Biscuit. Денешниот предлог рецепт ни го испратија нашите пријатели Lavo Butici. Истиот го пробавме и затоа Ве уверуваме дека е неодоливо слатко задоволство кое долго ќе го паметат сите оние кои ќе го пробаат :).


Потребни состојки

  1. 250г брашно

  2. 1 пециво

  3. 175г кафеав шеќер

  4. 250мл млеко

  5. 90мл масло

  6. 1 јајце

  7. Twini sandwich biscuits и/или Ninja Biscuit

Во сад се мешаат брашното и пецивото. Во посебен сад се мешаат шеќерот, млекото, маслото и јајцето. Потоа, сите состојки се мешаат заедно и се додава кокос по вкус.


Во корпа за мафини се става прво Twini / Ninja бисквит (се одвојува кремот и се става само бисквитот). Над бисквитот се налева дел од смесата за мафини, па се става цел Twini / Ninja Biscuit сендвич бисквит (за оние кои сакаат да експериментираат со вкусови може да измешате, доколку сте ставиле на дното Twini бисквит, во овој дел може да ставите Ninja Cocoa Biscuit или Ninja Vanilla Biscuit, но тоа оставаме на Вашата креативност). Потоа следи налевање на дополнителна количина од смесата за мафини. Калапот треба да биде 2/3 пополнет.



Се печат во загреана рерна на 180°C околу 20 минути. Кога ќе се изладат, се украсуваат со матена слатка павлака во која има кршени Twini бисквити.


Дополнително може да декорирате според вкус.


Уживајте и Ви посакуваме убав викенд исполнет со насмевки. Наздравје :).







59 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page