top of page
Writer's pictureVia Prom

Рецепт - Нинџа Бискит Чизкејк

Неодамна добивме прекрасно изненадување. Марина, супер креативна мајка, која редовно ужива во нашите Нинџа бискит со своите најмили, ни испрати уникатен рецепт за роденденска торта за драгиот Стефан. Препорака: доколку сакате дневна доза позитивност како и одлични инспирации за подготовка на секаков вид слатки и солени задоволства, тогаш заследете ја Марина, me_mother_of_three, на Инстаграм.


Фотографиите сами зборуваат за кретивноста која нашата драга Марина ја демонстрира со оваа прекрасна роденденска торта, а ние сме сигурни дека и вкусот е врвен исто како и изгледот. Секогаш се радуваме на вакви изненадувања, така што не ограничувајте се и испраќајте ни ги Вашите гурмански ремек дела подготвени со нашите Нинџа бискит.


Предлог: рецептот може да се направи и со Твини бисквити, сендвич бисквити со екстра темно какао.


Рецепт


ОСНОВА

300 грама Нинџа бисквити ( без филот)

160 грама стопен путер

Бисквитите се мелат во блендер и им се додава путерот. Се ставаат на калап обложен со хартија ( Марина користи @folii_za_domakinstvo и ги препорачува)

Се остава да се излади па се става во фрижидер


ФИЛ

500 милилитри слатка павлака

200 грама маскарпоне

200 грама бело чоколадо

1 желатин

Филот од #ninjabisquits

По желба прехранбена боја


Желатинот се раствара во вода согласно пакувањето и се остава да набабри.

300 милилитри од слатката павлака се мати во цврст шлаг.

Останатите 200 се загреваат во сад на тивко заедно со чоколадото.


Во таа смеса се додава желатинот. Кога малку ќе се излади, се додава маскарпонето и се мати со миксер, па цела смеса се додава кон изматената слатка павлака. По желба на крај се додава прехранбена боја. Филот се додава над основата и се остава во фрижидер.


ЖЕЛЕ

1 пакување желатин

150 мл сок од јаболко

Желатинот се раствара и остава да набабри. Сокот се загрева и во него се додава желатинот. Се остава да се излади на собна температура (15тина минути) и се истура над филот.

Тортата треба да се лади 4-5 часа, најдобро преку ноќ.


Наздравје :).


87 views0 comments

Comments


bottom of page